Фото: ФК Вардар

УЈП ќе ја одблокира сметката на Вардар

Според најавите од извршниот директор Миленко Неделковски на денешниот брифинг со новинарите сметката на Вардар наскоро ќе биде одблокирана.

Неделковски изјави дека Вардар постигнал договор со Управата за јавни приходи (УЈП) на кој начин да се подмири долгот од три милиони евра, а со тоа и клубот да продолжи да функционира нормално.

Договор бил постигнат со фирми од странство, а компаниите дале гаранција по што од УЈП овозможиле исплата на 36 рати.

На брифингот беше соопштено и дека Вардар од лето ќе има буџет од три милиони евра, меѓутоа тука се вклучени и ратите за долгот, па на клубот ќе му останат околу еден милион за функционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот