УЈП ја „чешла“ фирмата поврзана со Лила и исплатените 250.000 евра

Фото: Слободен печат

Лукаревска рече дека УЈП води постапка, за која кога ќе заврши ќе ги извести медиумите.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информираше дека Управата за јавни приходи има направено контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска за трасакцијата од 250.000 евра.

Лукаревска рече дека УЈП води постапка, за која кога ќе заврши ќе ги извести медиумите.

– Ние во конкретната фирма која беше поврзувана со конкретното физичко лице имаме спроведено и контрола, токму заради оваа трансакција. Странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација, за подетални информации ќе известиме штом заврши целата постапка“, рече Лукаревска.

За потсетување, водителката Лила Филиповска била посредник во измамата на Бојан Јовановски-Боки 13 во шемата за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица во која градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра.

Измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија раскажа дека уште пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, а пред неколку дена била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот