УЈП ги опоменува фирмите за февруарските плати: Над 11.750 работодавачи го промашија рокот

Управата за јавни приходи, почна да испраќа опомени за неисплатени феруарски плати до фирмите, а тоа се совпаѓа со периодот на доцнење на државната помош од Петтиот пакет. До 23 март, вкупно 11.758 работодавачи, не ја исплатиле февруарската плата стои во информацијата која „Слободен печат“ ја доби од УЈП.

-Согласно евиденцијата на УЈП со состојба од 23 март, бројот на неплатени пресметки по основ на  МПИН  за месец 02/2021, има вкупно 11.758 работодавачи, кои во законскиот предвидениот рок не го платиле доспеаниот долг по основ на платата. Работодавачите кои не го исплатиле својот долг по основ на МПИН за февруари во законски предвидениот рок, односно до 15 ти март 2021 година , од страна на УЈП се генерирани опомени и се во тек на достава до должниците – информираат од УЈП.

„Слободен печат“ ја провери информацијата на терен и дел од фирмите ни потврдија дека добиле опомени дека треба да ги исплатат платите на вработените, а наскоро може да им следуваат и блокади на сметките.

-Не оставија на цедило, а тие си тераат политика. Најбезобразно е тоа што слушаме и дека граѓаните можат да издржат без пари – велат од една мала компанија.

Од бизнис заедицата веќе неколку дена стигнуваат жестоки критики за неодговорноста и несериозноста на пратениците.

-На бизнисот му треба помош сега и веднаш. А пратениците треба ги претставуваат оние што ги бирале, што тоа значи дека треба што поскоро да ги надминат партиските интереси – рече за „Слободен печат“, Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот