УЈП досега прочитала вкупно 433.204 фискални сметки

фото: Слободен печат

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата „МојДДВ“ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово, информираше денеска директорката Сања Лукаревска. За истиот период биле прочитани вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу седум милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Единствен проблем во моментов околу примената на апликацијата, според Лукаревска, е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт.Но, заради рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Многу сметки не можат да се скенираат за поврат на ДДВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот