УЈП до Мицкоски: Воздржете се од шпекулации, УЈП детектираше незаконитости и навреме презеде мерки

Управата за јавни приходи (УЈП) најостро ги демантира обидите за шпекулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски дека УЈП, има афера, се вели во писмената реакција на УЈП по изјавите на лидерот на Мицкоски дека наскоро ќе објави потенцијална афера во државата тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со поврат на ДДВ за компании.

– Јавноста треба да е целосно информирана, граѓаните не треба да се доведуваат во заблуда. Во таа насока, посочуваме дека не станува збор за афера на УЈП, туку станува збор за утврдено незаконско работење сторено од Даночни обврзници кое УЈП го детектираше навремено уште во јули 2021 година. Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се превземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса. Управата за Јавни приходи е институција со висок интегритет и во истата работат високо ефикасни професионалци кои навремено и ефективно ги извршуваат своите работни задачи. Меѓу другото, раната детекција на незаконската работа кај одредените даночни обврзници е резултат на посветената и професионалната работа на вработените во УЈП. Во таа насока би сакале да ја увериме јавноста дека јавниот и државниот интерес се императив на работењето на УЈП, реагират од УЈП.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Тв Телма најави потенцијална афера во државата тешка 20 до 30 милиони евра, поврзана со поврат на ДДВ за компании.

– Преку фиктивни фактури се правеле цесии со УЈП на фирми кои што се должници и фиткивни фирми кои што се побарувачи на поврат на ДДВ, преку 20, 30 милионуи евра тежок скандал, но времето ќе покаже дали сум бил во право или не, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата тврди дека партијата им стои на располагање, како на Антикорупциската комисија, така и на Обвинителството и дека ќе ги сподели со нив сите податоци кои ги имаат за овој наводен скандал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот