УЈП: Детали за викенд без ДДВ (ЖИВО)

Вршителот на должност директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Фарук Омери на прес-конференција ќе изнезе детали за претстојниот „викенд без ДДВ“. Предлогот претпладнево мина во македонското Собрание со 71 гласа „за“, девет „воздржани“ и ниту еден против.

Највисокиот износ на кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет, регистриран во сите фискални сметки што се издадени на 10, 11 и на 12 октомври оваа година. Фискалните сметки издадени на овој датум со кој се дава можност да се врати целиот износ на данок на додадена вредност треба да бидат пријавени преку апликативниот софтвер на УЈП најдоцна три дена од датумот на издавање, а додека пак износот на физичките лица ќе им се исплати најмногу 15 дена од датумот на пријавување на фискалната сметка.

Ако за време на викендот без ДДВ, граѓаните го надминат износот на вкупен промет од 30.000 денари за фискалните сметки издадени на 10, 11 и на 12 октомври , враќањето на преостанатиот износ на данок содржан во преостанатиот вкупен промет ќе се врши согласно Законот на враќање на дел од данокот на физички лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот