УЈП демантира написи во одредени медиуми дека газди украле 10 милиони евра државна помош за исплата на минималец

Управа за јавни приходи / СП. архива

Демант од УЈП во врска со написите во одредени медиуми „Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец”

Управата за јавни приходи известува:

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Управата за јавни приходи ги демантираат написите на одредени медиуми во кој е наведено дека „Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец”.

Управата за јавни приходи, на Прес конференција за медиуми одржана во Вторник, 28.07.2020, објави дека вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

Управата за јавни приходи податоците за обврзниците кои не исплатиле плата, а примиле финансиска поддршка, ги доставува до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, односно и двете институции располагаат со исти податоци и иста сума на исплатена финансиска поддршка кон овие компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот