УЈП демантира дека 200 вработени се во самоизолација поради контакт со Лукаревска

Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска.

Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40.

Согласно епидемолошката анализа којашто е направена кај сите вработени  посочени од директорката, на сите им беше укажано дека не претставуваат и не се во ризик. Дел од вработените се веќе тестирани и се негативни на Covid-19, а дел ќе се тестираат во наредните денови.

Работата во Управата за јавни приходи се одвива непречено, согласно планот за работа во услови на коронавирусот, односно работа од дома како и наизменично менување на вработени на работно место, со заштитна опрема и средства за дезинфекција. 

Од почеток на пандемијата, Управата за јавни приходи ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој вработен. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.  Воедно се врши редовна дезинфекција и на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.

УЈП, како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.

Во услови во коишто се наоѓа целиот свет треба да останеме хумани и присебни и да не злоупотребуваме ничие човечко здравје во ширење на лажни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот