УХМР: Ведро и студено до среда, во четврток снег

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Ведро и особено студено ќе биде времето во утринските часови до среда и ќе биде проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.

Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст.

Во четврток преку ден во западите делови и на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег што подоцна ќе мине во дожд.

Во петок во западните делови се најавува дожд. Во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.

Минималната температура во среда во Скопје ќе биде од -12 до -1 степен, а максималната ќе се движи од -2 до 8 степени. Во четврток минималата температура ќе биде од -7 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот