УХМР: Услови за дожд, на места и снег и пад на температурите за 7 до 9 степени

Во текот на ноќта и во понеделник, под влијание на влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд што повремено ќе бидат поројни, а пообилни ќе бидат во северозападните и во источните делови од земјава.

Поради продор на студена воздушна маса, врнежите, освен на планините, ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на утрешниот ден и во текот на ноќта кон вторник, појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Утре и задутре ќе дува силен северен ветар со брзина од над 65 км./ч. што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот