УХМР со најнова прогноза – идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури

Топло Време Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено во почетокот на идната недела, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР.

Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 степени, а во Скопје сончево и топло со мала облачност и температура до 37 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот