УХМР: Снежни врнежи ќе има насекаде во текот на ноќта, температурите од -7 до 6 степени

Снег / Фото: EPA-EFE/BALAZS MOHAI HUNGARY OUT

Локалните врнежи од снег во вечерните и во ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За утре УХМР прогнозира сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0 степени, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од  -4 до 3 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Според мерењата од 16 часот денеска, најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, а најниска температура од 0 степени во Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот