УХМР: Снежна покривка од 31 сантиметар на Попова Шапка

Фото: Фејсбук

Висината на снежната покривка во земјава утрово во седум часот изнесуваше 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 сантиметри во Битола, два сантиметра во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот