УХМР: Променливо облачно и ветровито време со температури од -2 до 13 степени

облачно време, временска прогноза
Облачно време / Фото: Слободен печат, Архива

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, со услови за провејување на слаб снег на планините и наместа со слаб дожд во југозападните делови во земјата. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието и силен, северозападен ветар кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6 степени, а дневната од 3 до 13 степени.

Во Скопје слично време со засилен ветар од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот