УХМР: Претпладне сончево, попладне облачно, температурите до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне што ќе се зголемува во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2 степена, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2 степена, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км./час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот