УХМР: Претпладне натпросечно топло време, попладне со повремени врнежи од дожд

Сончево време/ Фото: МИА

Утре ќе преовладува променливо облачно и натпросечно топло време со умерен до засилен јужен ветер, на места и околу 80 км./ч. Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во четврток ќе се прошират на секаде, а на места ќе бидат и поројни. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

До вечерните часови, врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде сè уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот