УХМР: Од утре снег и температури под нулата

Студ

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе изнесува -5 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи  (УХМР), ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот