УХМР: Нè очекува сончево и топло време, температурите до 22 степена

Фото: МИА

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со умерена облачност и утринска магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до 6 степени, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје слично време со слаб ветер од југоисточен правец и утринска температура до еден степен. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. По котлините во утринските и рани претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од понеделник под влијание на влажен бран се очекува промена на времето со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и ќе дува засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот