УХМР најавува пороен дожд и грмежи во попладневните часови

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Во попладневните часови денеска на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Утре во Берово се очекуваат минимални четири степени, а максимални 24 ќе бидат во Гевгелија и Демир Капија.

Во изминатите 24 часа наврнале четири литри на метар квадратен во Крива Паланка, три во Тетово и Штип, како и по еден литар во Битола, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и Струмица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот