УХМР: До вторник дожд и грмежи, со високи температури, од среда стабилно и суво време

До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно и суво време, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Прогноза на УХМР за денеска предвидува максимални температури во интервал од 29 до 38 степени,  попладне облачноста ќе зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со краткотрајно засилување на ветерот и можна појава на град.

Максималните температури утре ќе се движат од 30 до 39 степени, во вторник од 29 до 37, а во наредните четири дена до 36 односно до 35 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот