Угрински: Земјата е пресушена и ги впива обилните врнежи – ако продолжат ќе има презаситување

Атанас Угрински УХМР / Скопје под дожд / ЕПА

Магистар Атанас Угрински, хидролог од Управата за хидрометеролошки работи вели дека земјата успеала да ја впие целата количина дожд благодарение на долгиот сушен период кој претходеше на влажниот бран.

Сведоци сме дека претходеше подолг сушен период, и тоа повеќегодишен. Тоа ја направи земјата пресушена, благодарение на што целиот дожд се апсорбираше во почвата. Досега немаше опасности за излевање на реките, токму поради тоа што беше драстично намалено нивото на реките. Повеќедневниот дожд добро им дојде и на езерата кои исто така беа многу повлечени. Но, моменталната стабилна состојба е променлива и зависи од интензитетот на врнежи во следниот период. Ако врнежите продолжат можеме да очекуваме презаситување на почвата. Имаме среќа што помеѓу двата брана врнежи имаше пауза. Сепак, ние будно ја следиме состојбата, вели Угрински.

Костадинка Арсовска од одделението за анализа и прогноза на време вели дека утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава.

 Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, вели Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот