Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Андреа Угриноска, претседателката на Советот за човекови права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем на со управување на младинската политика на најстарата паневропска институција – заштитник на демократијата и човековите права на континентот.

– Од се срце и честитам на Андреа и ѝ посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој доживува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

– Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувстувам оргомна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.

Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина – IFLRY, чиј е полноправен член Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот