Пауновски: Угостителите и гостите се однесуваат како во времето пред пандемијата, ќе следат казни (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Крајно разочарувачки е она што го видовме. Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнавме жива музика, качени гости на маси, прегрнати. Кога инспекторите ќе влезеа во локалите, газдите им викаа едуцирајте нѐ и напуштете го објектот, посочи Пауновски.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција потенцираше дека ќе има казни за сите угостители кои нема да се придржуваат кон протоколите.

-На вчерашната прес-конференција ги истакнавме протоколите за угостителите и тоа беше во насока за првите 10 дена инспекторите да помогнат за нивна примена. Но, на терен утврдивме дека угостителите се однесуваат како во времето пред пандемијата. Крајно разочарувачки е она што го видовме. Свеста на граѓаните и на угостителите е на крајно ниско ниво. Затекнавме жива музика, качени гости на маси, прегрнати. Кога инспекторите ќе влезеа во локалите, газдите им викаа едуцирајте нѐ и напуштете го објектот. Не се почитуваат сите точки од протоколот, не само некои. Совеста затаи и затоа најавувам дека од денес секој ден и во сабота и недела, од утро до вечер ќе бидеме на терен и ќе казнуваме – рече Пауновски.

Тој упати апел до сите угостители да припазат на протоколите.

– Апелираме дека најголемиот дел од точките се применливи. Затоа апел до сите угостители, инспекторите се на терен и ќе бидат, се што ќе биде констатирано како нарушување на протоколите ќе постапуваме со казнени мерки, рече Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот