15 C
Скопје

Угостителите добиле седум пати повеќе пари од тоа што придонесуваат во економијата

Угостителството и туризмот придонесуваат со 1,54 отсто од БДП во домашната економија (податок за 2019 година), а во текот на последните 12 месеци овие сектори примиле над 37,5 милиони евра, од вкупната сума исплатена од државниот буџет која изнесува 350,5 милиони евра. Тоа значи дека кон овој сектор се исплатени 10,7 отсто од средствата, или, тоа е седум пати повеќе од нивниот придонес. Уште од почетокот на кризата угостителството и туризмот се постојано под владина заштита, во секој од пакетите има мерки кои се однесуваат директно на нив, па дури владата и за во иднина најави и нови мерки за овој сектор. Оттаму, нејасно е зошто угостителите преку протести вршат притисок врз владата.

Во првите четири пакети имаше конкретни десетици мерки со цел да му се помогне на угостителството да ја надмине економската криза. Имаше бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од седум милиони евра, поддршка на плата во износ од 14.500 по вработен (април, мај, јуни), во износ од 10 милиони евра, субвенции на придонеси за вработени, износ од еден милион евра, туристички ваучери за граѓани со ниски примања, износ од 6,3 милиони евра, скалеста поддршка на плата (октомври, ноември и декември), износ од девет милиони евра, субвенции за туристички водичи, износ од 82,5 илјади евра, грантови за туристички агенции, износ од 1,2 милиони евра, грантови за ресторани за свадби, износ од 886 илјади евра, грантови за игротеки, износ од 216 илјади евра, грантови за ноќни клубови и естрадни уметници, износ од 637 илјади евра. Сите овие мерки се со цел да не се дозволи оваа гранка да западне во длабока економска криза, а голем дел од угостителите ги имаат искористено.

Во ситуација во која владата постојано покажува грижа, особено за угостителите и туристичките работници, но и кога ќе се направи анализа на изнесените бројки, тогаш е подобро овој сектор да има состаноци со економските преставници на владата за да зборуваат за можноста за уште поголеми мерки за помош, отколку да излегуваат на протести.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар