Угостители: Конечно функционира „ресторанскиот“ данок

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Храната и безалкохолните пијалоци во рестораните и во кафулињата веќе се оданочува со намалената даночна стапка од 10 проценти, тврди Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора. Повластената даночна стапка требаше да почне да важи од 1 јануари 2021 година, согласно новото зконско решение, но фискалните каси не беа усогласени.

– Веќе сите наши членки ги прилагодија фискалните апарати на новата даночна стапка, а мислам дека тоа го направија и другите ресторани и кафулиња, кои не се членки. Нема проблеми и сега се е во ред. Но, УЈП во декември се однесуваше како да го нема овој закон за имплементација и моравме да направиме притисок за да се подготви процедурата за усогласување на фискалните апарати.  Правилникот направен од Министерството за финансии за начинот на воведување на новата стапка на ДДВ во висина од 10 проценти во Службениот весник е објавен еден ден пред почетокот на неговата примена, на 30 -ти  декември 2020 година! – вели Јосифовски.

Владата го намали данокот во угостителството со цел да му се помогне на овој сектор, а не да се намалат цените. Затоа угостителите сметаат дека неоправдано загубија пари во првите денови од јануари кога касите пресметуваа поголем данок од законскиот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот