ВИДЕО | УФЦ: Конор нокаутиран, Поирие го испрати Мекгрегор не „спиење“ во втората рунда

принтскрин/јутјуб

Во главната борба на УФЦ 257 приредбата, Дастин Поирие направи големо изненадување во главната борба и го нокаутира Конор Мекгрегор.

Дастин Поирие успеа да му се реваншира на Ирецот на поразот од пред шест години, и со технички нокаут по две минути и 32 секунди борба во втората рунда го ноакутира Мекгрегор.
Ова за Мекгрегор беше прв пораз во кариерата со нокаут, од вкупно петте загубени борби.

Мечот започна на рушење на Поирие, но Ирецот успеа да се извлече од незгодната позиција и дури да зададе неколку добри удари со рамото и лакотот.

Но и Поирие имаше добра тактика за оваа борба, тој зададе неколку лоу кик удари во нозете на противникот и ефектот од тоа беше поспоро движење на Мекгрегор во втората рунда.

Во неа Поирие работата ја заврши кон средина на борбата, прво со удар со нога и со десно кроше го разниша Мекгрегор по што следеше серија удари со кои Ирецот беше испратен на под. Таму Поирие зададе уште неколку удари по што судијата Херб Дин мораше да ја прекине борбата.


Ова беше 27. победа во кариерата за Дастин Поирие, а има и шест порази, но интерресно е што нема ниту еден пораз во реваншите. Конор Мекгрегор сега има скор од 22 победи и пет порази.


Во втората главна борба на вечерва, поранешниот шампион во Белатор организацијата, Мајкл Чендлер за само две и пол минути борба во првара рунда го нокаутира Ден Хукер.

Во средна категорија Махмуд Мурадов го победи Ендрју Санчес со нокаут во првата рунда и дојде до 14. ММА победа по ред во кариерата.
Кај дамите, Џоана Калдервуд со едногласна одлука на судиите беше подобра од Џесија Ај, додека бразилската пресметка и припадна на Марина Родригез која во втората рунда ја нокаутира Аманда Рибас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот