УФЦ: Лесна победа на пуленот на Хабиб

принтскрин/јутјуб

Ислам Макачев чиј ментор е Хабиб Нурмагомедов славеше на последната приредба на УФЦ, и тоа над Бразилецот Тијано Моизес. Бразилецот во четвртата рунда мораше да се предаде поради „гушењето“ на Макачев. Макачев сега има скор од 20:1 во ММА и 9:1 во УФЦ, додека Моизес го доживеа третиот пораз во седмата борба во УФЦ.

– Ова беше мојата прва четврта рунда во животот. Ова о одлично оскуство. Тијаго е опасен борец, цврст противник, во сите четири рунди се обидував да го „завршам“, но не успевав бидејќи е силен – изјави Макачев по борбата.

Како и на останатите борци кои доаѓаат од Дагестан, најголем адут им е борењето, но на Макачев сонародниците му замеруваат дека останува предолго на нозе додека ги тестира ударите на противникот. Тој беше добар во борбата на нозе, а кога Моизес побара да влезе во партер, тогаш Макачев имаше апсолутна контрола на борбата. Токму борењето го донесе до победа со „гушење“, а по борбата Ислам Макачев ги прозва Мајкл Чендлер, Рафаел дос Ањос и Тони Фергусон.

Според ММА експертите, Макачев е сериозен кандидат за шамионската титула во лесна категорија.
– Велат дека сум како Хабиб и се согласувам, навистина сакам да бидам како него. Тој е голем човек, шампион, има многу пари и има се што ќе посака, но тој и понатаму останува скромен – вели Макачев.

Во останатите борби, Миша Тејт на најдобар начин се врати во УФЦ, со технички нокаут во третата рунда ја победи Марион Рено. Џереми Стивенс загуби во првата рунда од Матеуш Гамрот, додека РодолфоВиера го победи Дастин Штолцфус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот