УЕФА размислува да им го одземе финалето на ЕП на Англичаните
Се повеќе има незадоволни од британскиот дел од организацијата на Евро 2020.
Се погласни се најавите дека на УЕФА и прекипе од организацијата на британскиот дел на Евро 2020, а угледниот весник „Тајмс“ прв пишуваше за тоа.
Сега УЕФА потврди дека сериозно се размислува за преместување на финалето на Евро 2020 од „Вембли“ и тоа во блиското соседство, во Будимпешта на „Ференц Пушкаш“ Арената.
Причина за ваквото размислување се строгите мерки кои Велика Британија ги практикува кон останатите европски држави и нивните државјани. Според предвидениот план и распоред, на „Вембли“ во Лондон освен натпреварите на Англија во групната фаза, предвидено е да се игра еден натпревар од осминафиналето, двете полуфинални средви и големо финале.
Челниците на УЕФА открија дека започнаа преговори со британската влада која ги одложи мерките за укинување на ограничувањата поради коронавирусот.
– Секогаш постои план за непредвидени ситуации, но убедени сме дека полуфиналињата и финалето ќе се одржат во Лондон“, објави УЕФА.
Европската фудбалска федерација исто така соопшти дека разговорите со британските власти се водат околу тоа да им се овозможи на странските навивачи да присуствуваат на натпреварите на „Вембли“ и се бара начин како да се изведе тоа. Една од опциите е пред самото доаѓање во Лондон да изврши тест кој треба да биде негативен, а потоа навивачите во наредните 24 часа би имале ограничено движење.
Според одлуките на британските британските власти, сите кои влегуваат во Англија од земјите кои се наоѓаат на „жолтата“ листа, мора да поминат 10 дена во карантин по нивното доаѓање во Велика Британија. Сите држави учесници на Евро 2020 освен тие кои се во Велија Британија (Англија, Шкотска и Велс) се наоѓаат на жолтата листа, освен Турција која е на „црвената“ листа како високоризична држава.
Но, УЕФА веќе разработи план со кој доколку Лондон не ги укине ограничувањата планира финалето да го премести во Будимпешта каде нема големи ограничувања, а стадионот е исполнет до последно место на натпреварите на ЕП.