Пеколен пат до Еуробаскет 2021

Фото: МКФ

На ждрепката во Минхен беа извлечени евроквалификациските групи за наредното Европското првенство 2021, а нашата репрезентација е дел од групата Б.

Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи се составени од по четири тимови.

Системот налага секоја селекција одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и гостински терен.

Првопласираните три од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.

Распоред на натпревари

20/21.02.2020
Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Македонија

26/27.11.2020
Италија – Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија – Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот