УЕФА во проблеми, три града се откажуваат од организација на ЕП?!

твитер

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин не ја отфрла можноста Евро 2020 кое е презакажано за наредната година поради пандемијата на коронавирусот, да се одржи на помалку од 12 стадиони колку што беа во оригиналните планови на европската куќа на фудбалот.

– Нашата намера е ЕП да се одржи во истите градови и на истите стадиони како што е планирано. Засега сè уште сме во преговори. Засега се е договорено со девет градови, а со останатите три постојат три има одредени проблеми. Ќе продолжиме да преговораме. Доколку не бидат подготвени, ЕП може да се игра и во 10 градови, па дури и помалку – изјави Чеферин.

Првиот човек на УЕФА откри само еден град со кој имаат застој во преговорите, шпанскиот Билбао. Претставниците на шпанскиот град истакнаа дека нема да бидат во можност да ги организираат натпреварите од ЕП наредната година.

Европското првенство е предвидено да се одржи од 11. јуни до 11. јули наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот