УЕФА со ригорозни правила пред продолжението на сезоната во ЛШ и ЛЕ

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Европскиот фудбал денеска се враќа по петмесечна пауза со реванш осминафиналните натпревари од Лигата на Европа.

Во наредните 19 дена ќе се одржат вкупно 26 натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а првите од нив ќе се играат вечерва и тоа Копенхаген – Башакшехир, Шахтјор – Волфсбург, Интер – Хетафе и Манчестер јунајтед – ЛАСК Линц.

Откако ќе се одиграат реваншите од осминафиналето, завршницата во Лигата на Европа ќе се одржи во Германија и тоа во четири градови, Келн, Дизелдорф, Гелзенкирхен и Дуизбург.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 10. и 11. август, полуфиналињата се на 16. и 17. август, додека финалето ќе се игра на 21. август во Келн.

УЕФА денеска ги објави протоколите за завршницата во Лигата на Европа, но и за Лигата на шампионите која ќе се игра во Лисабон.
Сите фудбалери и членови на стручните штабови ќе бидат тестирани на коронавирус на два до три дена пред натпреварот, а потоа и ден по одиграниот натпревар и во ЛЕ и во ЛШ.

Резулатите од тестовите мора да бидат готови минимум шест часа пред почетокот на натпреварот. Фудбалерите и тренерите нема да сметаат да го напуштаат хотелот доколку тоа претходно не биде договорено под одредени услови и нема да смеат да имаат никаков контакт со луѓе кои не се од тимовите.

Интересно е што УЕФА инсистира и двете натпреварувања да се доиграат по секоја цена, односно дури и да се појават случаи на позитивни на ковид-19. Така УЕФА дозволи доколку во тимот се случи да има дури и 10 позитивни на коронавирус, односно ако има најмалку 13 здрави фудбалери, тогаш ќе мора да го одигра натпреварот. Во случај има поголем број на заболени тогаш екипата ќе го загуби натпреварот службено со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот