УЕФА се предаде, нема да ги казни екипите бунтовници Реал Мадрид, Барселона и Јувентус

УЕФА ја повлече постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус/фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска федерација соопшти дека нема да ги казни останатите три клубови кои останаа верни на идејата за формирање на европската Суперлига.

Иако најавија големи и сериозни казни, вклучувајќи и исфрлање од Лигата на шампионите, УЕФА се предомисли и ги отфрли сите обвинувања кон трите клубови кои сè уште останаа верни на проектот на европска Суперлига, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Токму овие три клуба се најголеми поборници на Суперлигата со која би се извлекле од големите финансиски проблеми во кои западнаа поради пандемијата на коронавирусот.
Долговите на Барселона и на Реал Мадрид изнесуваат преку милијарда евра, додека Јувентус само за минатата сезона пријави загуби од околу 200 милиони евра.

„По запирањето на постапката против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус во врска со кршењето на правните рамки на УЕФА со Суперлигата, комисијата за жалби при УЕФА случајот го прогласи за ништовен, исто како и да не бил отворен“, стои во соопштението на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот