УЕФА размислува да дозволи повеќе од 23 играчи на ЕП

Европската фудбалска федерација (УЕФА) сериозно ја разгледува можноста да им дозволи на репрезентациите на претстојното Европско првенство да им дозволи да регистрираат повеќе од 23 фудбалери.
Причината за ова е реакцијата на неколку селектори меѓу кои најгласни се тие на Белгија, Италија и Франција (Мартинез, Манчини и Дешан), кои стравуваат дека поради коронавирусот би можеле да останат без неколку фудбалери додека трае првенството и притоа нема да може никој да ги замени.
„Предлогот е на маса. Сè уште ништо не сме одлучиле, но сигурно е дека ќе разговараме на оваа тема“, објавија од УЕФА.
Европското првенство треба да се одржи од 11. јуни до 11. јули во 12. различни градови низ Европа, а на него за прв пат во историјата ќе учествува и Македонија. Избраниците на селекторот Ангеловски првите два натпревари против Австрија и Унгарија ќе ги играат во Букурешт, а дуелот со Холандија треба да се игра во Амстердам.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот