УЕФА ранг листа: Само еден македонски фудбалски клуб во Топ 200

Европската фудбалска куќа ја ажурираше клупската ранг листа по коефициенти освоени во последните пет години.

На првото место е Баерн Минхен кој сезонава успеа да се пласира во финалето од Лигата на шампионите во силите ќе ги одмери против ПСЖ.

Баварците сега се пред Реал Мадрид (и двата тима имаат по 134 поени), а потоа следуваат Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Манчестер сити, ПСЖ, Севиља, Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Од регионот најдобар пласман има Динамо Загреб (49 место), Црвена звезда е на 65 позиција, Партизан на 67 место..Единствениот македонски клуб во Топ 200 е Шкендија која остана на 150 позиција.

Комплетната листа можете да ја погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот