УЕФА официјално започна истрага против Златан Ибрахимовиќ

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

УЕФА официјално започна истрага против шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој е поврзан со една обложувалница.

Пред две недели, шведските медиуми објавија дека напаѓачот на Милан се соочува со потенцијална тригодишна суспензија поради партнерство со обложувалница од Малта.

Во официјалното соопштение се наведува дека Ибрахимовиќ потенцијално ги прекршил дисциплинските прописи на УЕФА, бидејќи тој, наводно, има „финансиски интереси во работењето на една обложувалница“. Се додава дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна.

Истрагата ќе утврди дали 39-годишникот го прекршил членот 12 (2), кој се однесува на лица кои директно или индиректно учествуваат во обложувалници или слични активности поврзани со натпревари, или кои имаат директен или индиректен финансиски интерес за такви активности.

Потсетуваме, Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов едногодишен договор со Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот