УЕФА одлучи: Завршницата во ЛШ како никогаш досега – со Ф8 турнир

EPA-EFE/ALEXANDRE DIMOU

Европската куќа на фудбалот конечно одлучи како ќе ја приведе сезоната кон крајот во елитното европско натпреварување.

Како што пренесува „Билд“, но и шпански и англиски медиуми, ќе се игра завршен турнир Ф8 во Лисабон.

Ова значи дека на Истанбул ќе му се одземе организацијата на финалето во ЛШ бидејќи Турција во овие моменти е една од најзагрозените земји во Европа и во светот од пандемијата на коронавирусот.

УЕФА се одлучи организацијата да му ја додели на Лисабон, а во конкуренција беа уште два града, Франкфурт и Москва.

Планот е натпреварите да се играат на двата стадиони во Лисабон, „Луж“ и „Жозе Алваладо“, стадиони на кои настапуваат екипите на Бенфика и Спортинг. На овие два стадиони ќе се играат сите четвртфинални натпревари, потоа полуфиналињата и големото финале.

Списокот на учесници не е затворен бидејќи треба да се доиграат реваншите од осминафиналните натпревари помеѓу Барселона – Наполи (1:1), Манчестер сити – Реал Мадрид (2:1), Јувентус – Олимпик Лион (0:1) и Баерн – Челси (3:0).

УЕФА се одлучи завршницата која за прв пат ќе се игра со завршен турнир, ниту една екипа да нема предност на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот