УЕФА одлучи: Косово не може во група со Србија, Русија или БиХ – Слободен печат
СпортФудбал

УЕФА одлучи: Косово не може во група со Србија, Русија или БиХ

Претходно беа „раздвоени“ српските и босанските клубови и репрезентации од косовските, а Русите се „раздвоени“ од Украинците.

УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Косово доколку се пласира на Европското првенство нема да може да биде во група со Србија, Русија или Босна и Херцеговина.

Косово може да се најде на ЕП доколку го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига „Д“ од Лигата на нации, каде за ривал можно е да ја има и македонската репрезентација.

Причините се политички и од безбедносен карактер.  Русија веќе е сигурен учесник на ЕП и во првата фаза ќе игра на свој терен во Санкт Петербург.

Одборот за итни прашања на УЕФА воедно ја донесе одлуката и после проблемите во организација на натпреварот помеѓу женските селекции на Русија и Косово во квалификациите за ЕП.

Првиот меч требаше да се одигра на 4 октомври, но е одложен поради изборот на Косово, а сега е донесена одлука дека двата натпревари ќе се играт на неутрален терен во термини кои ќе бидат дополнително одредени.

Освен против Косово, Русија и руските клубови веќе пет години не смеат да се паднат ниту со клубови од Украина или репрезентацијата на таа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close