УЕФА одложи натпревар од ЛШ поради Ковид-19

УЕФА нема да покрене судски спор против германска пицерија/ фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска куќа донесе одлука за одложување на натпреварот помеѓу Линфилд (Северна Ирска) и Дрита (Косово) поради позитивен тест за коронавирус.

Овој меч е прелиминарен за влез во елиминациската фаза на турнирот, а истиот требаше да се одигра денеска од 18.00 часот.

Играч на Дрита во понеделникот се тестираше позитивно за коронавирус, иако тој претходно тестираше негативно на него на 7 август.

Целиот состав на косовскиот тим беше тестиран пред да замине во Швајцарија.

Можно е УЕФА да го исфрли косовскиот шампион од турнирот за сезоната 2020/2021, иако годинашниот формат не е завршен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот