УЕФА одложи два натпревари во Лигата на шампионите

twitter.com/ManCityUS

Реванш мечевите Манчестер сити-Реал Мадрид и Јувентус-Лион официјално се одложени. Првично овие возвратни пресметки беа закажани за 17 март.

Манчестер сити со кратко соопштение потврди дека од УЕФА доби известување за одложување на мечот на „Етихад“ во кој требаше да го пречека Реал кој од четврток наутро е во карантин.

Одлуката мечот да се одложи е донесена во соработка со УЕФА откако Реал ја потврди информацијата дека играчите на тимот од Мадрид се во изолација откако што е потврдено дека еден кошаркар на Реал е позитивен на коронавирус.

Манчестер сити им испраќа најдобри желби на сите во Реал како во фудбалскиот, така и во кошаркарскиот клуб.

Потсетување дека на првите дуели, Сити славеше со 1:2 и е поблиску до пласман во четвртфиналето, а Лион брани 1:0 против италијанскиот шампион.

УЕФА најави дека правовремено ќе ги објави новите термини на реванш осминафиналните дуели Сити-Реал и Јуве-Лион.

Како што е веќе познато, европската фудбалска куќа идната недела ќе одлучува дали ќе го одложи Европското првенство 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот