УЕФА: Ни треба Динамо, пред 30 години Црвена звезда ќе беше во Суперлигата!

Александар Чеферин
Првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин не дозволи формирање на т.н. „Суперлига“/фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Конгресот на УЕФА во Швајцарија се претвори во дебата за „Суперлигата“. Александер Чеферин, претседателот на Уефа, го отвори самитот на европскиот фудбал со говор на тема што го потресе светот..

– Фудбалот не му припаѓа на никого. Му припаѓа на секого, бидејќи станува збор за нашата традиција, историја и почитување на традицијата. Тоа значи нешто – рече Чеферин.

Потоа им се обрати на англиските клубови затоа што има дури шест од нив меѓу 12 суперлигаши. Според него, тие создадоа натпреварување која би ја уништиле УЕФА Лигата на шампионите:

– Направивте грешка. Англиските навивачи заслужуваат да ја поправат таа грешка. Заслужуваат почит. Поправете ја грешката, вратете се, вразумете се..

Како кумот Ањели стана најголем предавник

На натпреварувањата на УЕФА потребни им се клубови како Динамо Загреб, Аталанта, Селтик, Глазгов Ренџерс и Галатасарај. Ни требаат овие клубови затоа што луѓето треба да знаат дека сè е можно. Секој треба да има шанса, треба да го одржиме сонот жив затоа што овие клубови имаат покажано во европските купови дека соништата се остваруваат – додаде Чеферин.

Воедно првиот човек на европскиот фудбал ги потсети суперлигашите каде беа во минатото:

– Големите клубови денес не беа нужно големи во минатото. Нема гаранција дека ќе бидат големи во иднина. Фудбалот е динамичен и непредвидлив. Затоа ја прави играта уште поубава. Каде беше Манчестер јунајтед во деценијата пред да дојде Сер Алекс Фергусон? Се сеќавате ли? Каде беше Јувентус пред 15 години? Колку што знам, во Серија Б.

Навивачите се обединија: Доживеавме предавство

Замислете клубовите кои доминираа во европскиот фудбал пред 30 или 40 години решија да ја направат Суперлигата, како би изгледала? Во нејзе би биле Нотингем Форест, Астон Вила, Хамбургер, Стеауа, Порто, ПСВ и Црвена звезда. Тоа би била европската елита тогаш, тоа ќе беше Суперлигата, но фудбалот се менува, а некои не го разбираат тоа. Тие ги гледаат само промените на банкарските сметки. Оние клубови кои мислат дека се недопирливи, сега треба да се сетат од каде тие дојдоа. Треба да разбереме дека доколку тие се европски гиганти денес, тоа е делумно и поради УЕФА, која повеќе од 60 години ја брани идејата дека натпреварувањето се заснова само на спортски резултати. Кој знае каде би биле без УЕФА – се зборовите на Чеферин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот