УЕФА неделава ќе одлучи дали ќе го одложи дуелот Македонија – Косово поради коронавирусот

твитер

Европската фудбалска федерација (УЕФА) во наредните неколку дена ќе има „кризен состанок“ на кој ќе одлучува дали епидимијата на коронавирусот која се шири во Европа ќе ги запре сите фудбалски активности.

Бараж натпреварот од Лигата на Нациите помеѓу Македонија и Косово кој треба да се одигра на 26 март е под знак прашалник поради ширењето на коронавирусот во Европа.

Утре во Амстердам ќе се одржи состанок на Извршниот состанок на европската ќука на фудбалот, а за вторник е закажан Конгресот на УЕФА на кој претседателот Александар Чеферин ќе ги искористи за консултации со сите членки на УЕФА.

– УЕФА е во консултација со сите Влади каде во моментов се регистрирани случаи на вирусот Ковид-19. Ќе имаме разговори и со претседателите на националните федерации по што ќе донесеме одлука. Секако здравјето е на прво место, а спортот доаѓа потоа – изјавија од прес службата на УЕФА.

Поради ширењето на коронавирусот се повеќе национални федерации ги откажуваат натпреварите од домашните првенства или натпреварите се играат без присуство на навивачи.

Доколку УЕФА донесе конечна одлука да се одложат сите мартовски репрезентативни настапи меѓу кои е и дуелот Македонија – Косово од Лигата на нациите, тогаш тие натпревари најверојатно би се играле наредниот месец или пак во мај.

Исто така  „загрозени“ се и реванш осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите, како и првите осминафинални натпревари од Лигата на Европа кои треба да се играат неделава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот