УЕФА наскоро ги враќа руските клубови во европските натпреварувања?

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Првиот човек на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков изјавфи дека се разговара со УЕФА за враќање на руските клубови во европските натпреварувања.

Русија како и клубовите од оваа земја се под санкции и не можат да се натпреваруваат во натпреварувањата под капата на УЕФА од 2022 година, односно од почетокот на војната во Украина.

Според Дјуков наскоро тоа би можело да се промени.

„Европската сезона продолжува оваа сезона и во овој момент одржавме бројни состаноци и конференции на кои се разговара за забрзување во процесот на враќање на нашите клубови во европските фудбалски натпреварувања. Со моето искуство верувам дека таа одлука порано или подоцна ќе се донесе“, изјави Дјуков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот