УЕФА му се закани на Роналдо: Ќе има казни за тргање на пијалоците на прес-конференциите

Роналдо фокусиран на својот нов клуб, Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/UEFA

Учесниците на Европското првенство може да се соочат со парични кази доколку нивните фудбалери продолжат да ги тргаат пијалоците на спонзорите на УЕФА.
Во понеделникот капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо тргна две шишиња на Кока Кола притоа порачувајќи дека треба да пијат вода.
Еден ден подоцна, сличен потег направи и Пол Погба, но тој тргна шише пиво на Хајнекен.
УЕФА одлучи да стави крај на ова и најави казни за сите кои во иднина ќе го сторат истото.
– УЕФА ги потсети сите репрезентации дека спонзорите и партнерите се дел од турнирот и обезбедуваат развој на фудбалот низ Европа – објави УЕФА.
Директорот на Евро 2020, Мартин Кален потсети дека фудбалерите мора да се придржуваат кон правилата на првенството бидејќи нивните Федерации потпише договори и постои можност да бидат парично казнети. Но, тие казни нема да се однесуваат на играчите, туку на фудбалските федерации.

Германците со нетрпение го очекуваат дуелот со светскиот шампион

ВИДЕО: Ново „шоу“ на прес конференција – Погба го имитираше Роналдо!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот