УЕФА ја закажа ждрепката за завршницата во Лигата на шампионите

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Европската фудбалска федерација денеска соопшти дека ждрепката за продолжението на Лигата на шампионите за 10 јули.

Претходно УЕФа донесе одлука завршницата од ЛШ да се одржи само во еден град, Лисабон и тоа од 12. до 23. август, но состојбата се искомпликува бидејќи во Португалија постојано се бележи раст на бројот на заболени од коронавирус.

Засега УЕФА нема намера да се откаже од идејата сите четврфинални, полуфинални и финалето да се одржат во Лисабон на стадионите „Жозе Алвараде“ и „Луж“.

„УЕФА е во постојан контакт со Фудбалската федерација на Португалија и локалните власти. Се надеваме дека се ќе биде во ред и дека завршниот турнир ќе може да се одржи во Португалија. Засега немаме план Б, ја следиме состојбата и на дневна основа ќе се прилагодуваме доколку биде потребно“, изјави извор од УЕФА за „Лекип“.
Во четврфиналето и полуфиналето ќе се игра само по еден натпревар исто како и големото финале.

Досега пласман во четврфиналето обезбедија Атлетико Мадрид, Аталанта, Лајпциг и ПСЖ, додека преостанатите реванши од осминафиналето треба да се одиграат на 7. и 8. август, а во нив ќе играат:
Барселона – Наполи (1:1)
Манчестер сити – Реал Мадрид (2:1)
Баерн Минхен – Челси (3:0)
Јувентус – Олимпик Лион (0:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот