УЕФА ја призна грешката: Нема повеќе да гледаме вакво Европско првенство

Александар Чеферин
Првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин не дозволи формирање на т.н. „Суперлига“/фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Првиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин, истакна дека системот на натпреварување што сега го следиме на Европското првенство нема да се повтори.

Првиот човек на европскиот фудбал вели дека ЕП во 12 градови не е лоша идеја, но е тешко да се постигне организациски и е проблем и за навивачите.

Идејата за играње на ЕП во дури 16 земји беше иницирана од поранешниот инкриминиран шеф на УЕФА, Мишел Платини во чест на 60-от роденден на Европското првенство. Организацијата на ваков турнир среде пандемија се покажа како особено проблематична. УЕФА не можеше да ги намали градовите домаќини поради високата компензација, а патувањето беше ограничено и настана хаос.

Многу тренери и фудбалски стручњаци тврдат дека годинашниот континентален собир не е редовен бидејќи некои репрезентации постојано играат пред домашните навивачи, а некои репрезентации немаат шанса да играат пред својата публика.

– Повеќе нема да ја поддржувам оваа идеја. Тоа е премногу тешка идеја и не е фер затоа што некои репрезентации треба да поминат 10.000 километри, а други 1.000, на пример, тоа е една од работите. Ниту за навивачите не е фер – рече Чеферин за „Би-Би-Си“.

Мурињо за пеналот на Англија: Нема да ви се допадне тоа што ќе го кажам

Воедно посочува дека не е фер некои навивачи да патуваат од Италија во Азербејџан за само неколку дена, како што беше случај во групата „А“.

– Некои навивачи треба да бидат во Рим, а потоа следните неколку дена во Баку. Тоа е четири и пол часа лет. Тешко е, иако идејата е интересна, но тешко е да се постигне. Вакво Европско првенство нема да се повтори – додава претседателот на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот