УЕФА ја казни Црвена звезда поради навредите кон Ибрахимовиќ

epa08929376 AC Milan's Zlatan Ibrahimovic during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Torino FC at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 09 January 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Следниот натпревар во Европа белградските „црвено-бели“ ќе го одиграат пред празни трибини..

А покрај тоа Црвена звезда доби уште еден меч условна казна, која ќе стапи во сила доколку се повтори инцидент во наредните 365 дена.

Клубот е казнет со 25.000 евра за истиот инцидент, а ќе мора да плати и 5.000 евра за кршење на безбедносните протоколи за време на пандемијата на коронавирусот. Исто така, српската екипа треба да постави транспарент „Не на расизмот“ со логото на УЕФА на трибините.

На мечот со Милан во Лига Европа, „мета“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој доби навреди на национална основа со разни повици кон Швеѓанецот. Видеото со таквите навреди можете да го погледнете ТУКА

Основа за казната е „расистичко однесување“, според кое УЕФА класифицира навреди по национална или верска основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот