УЕФА ја изненади Швајцарија: Во квалификациите за ЕП 2024 ќе играат во Србија

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

УЕФА ги изненади Швајцарците, но пред се репрезентативците на оваа земја кои имаат албанско потекло. Имено, Европската куќа на фудбалот одлучи еден натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024 година да го играат во Србија.

Познато е дека Белорусија е под санкции поради инвазијата на Украина и тие своите домашни натпревари мораат да ги играат во друга држава. Така по предлогот на Белорусите УЕФА одлучи нивниот прв натпревар во квалификациите во март да го играат во Нови Сад.

Ваквата одлука на УЕФА секако е изненадувачка затоа што видовме тензии и на последниот натпревар помеѓу Швајцарија и Србија на Светското првенство. Очигледно Белорусите сметаат на силна поддршка од српските фанови поради нивниот однос со Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот