УЕФА има две опции за баражот против Косово и новото издание на Лигата на нации

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската фудбалска федерација на 17. јуни на седница на Извршниот комитет ќе го скрои календарот за фудбалска Европа за 2020 година, а една од одлуките директно е поврзана со македонската репрезентација.

Македонија на 26. март на Националната Арена „Тодор Проески“ против Косово требаше да игра во полуфиналето од баражот во Лигата на нации во дивизија Д за пласман на Европското првенство но натпреварот е одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Исто така Македонија ќе треба да го дознае и календарот за новото издание на Лигата на нации во кое ќе биде во дивизијата Ц заедно со селекциите на Грузија, Ерменија и Естoниjа.

УЕФА подготви две сценарија, во првото Македонија во октомври во Скопје треба да го игра полуфиналето со Косово за пласман на ЕП, а евентуалното финале кое носи пласман на ЕП ќе се игра на почетокот од ноември, додека новото издание на Лигата на нации би стартувало на 31. август и до 9. септември би се одиграле првите три кола, додека останатите три ќе се играат од 5. до 13. октомври.

Според второто сценарио, во септември би се одиграл баражот против Косово, заедно со првите две кола од новото издание на Лигата на нации, а во октомври покрај дополнителни две кола од Лигата на нации, Македонија би играла во финалето од ланското издание на ова натпреварување под услов претходно да го победи Косовво. Во ноември би се играле последните две кола од Лигата на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот