УЕФА идната недела ќе одлучува дали да го одложи Евро 2020

фото: УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека во вторник наредната недела ќе одржи состанок со сите земји членки на кој ќе биде позната иднината на сите домашни и меѓународни натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот.

Денеска „Марка“ ексклузивно објави дека Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе бидат суспендирани, а се поголем број на земји членки на УЕФА бараат да бидат одложени бараж натпреварите од Лигата на Нациите, меѓу нив тоа го бара и ФФМ, што повлекува и евентуално одложување на Европското првенство.

Поради тоа УЕФА објави соопштение во кое најавува дека во вторник идната недела ќе има состанок со сите земји членки на кои ќе биде одлучена иднината на фудбалот во Европа.

„Со оглед на развојот на состојбата и ширењето на коронавирусот во Европа, како и на одлуката на Светската здравствена организација да прогласи пандемија, УЕФА ги повика претставниците на сите 55 земји членки заедно со управните тела на Европската клупска асоцијација и европските натпреварувања, како и претставници на ФИФПро, во вторник на 17. март да присуствуваат на состанок за да разговараме за одговор на пандемијата. Дискусијата ќе ги вклучува домашните и европските натпреварувања, како и Евро 2020“, стои во соопштението на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот