УЕФА и ја одреди групата на Македонија на ЕВРО 2020

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска репрезентација која ја очекува баражот во Д-дивизијата за пласман на ЕВРО 2020, веќе знае во која група ќе игра доколку обезбеди настап на континенталниот собир.

Фудбалерите доколку триумфираат во Д-дивизијата, тогаш ќе бидат сместени во групата Ц или Ф, објави УЕФА во пресрет на ждрепката што која ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт.

Според полудиригираната ждрепка на УЕФА, бидејќи Македонија игра во иста дивизија со Косово, не може да се најде во иста група со БиХ, Србија и Русија. Поради тоа УЕФА одлучи победникот во Д-дивизијата да игра во групата Ц каде носител е Холандија или во групата Ф каде носител е Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот